ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поттикнување социјална кохезија преку борбата со невработеноста

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на заштитата на Човековите права

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на благосостојбата на децата и борба против врсничкото насилство

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Практикување на активно и здраво стареење

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поддршка на лицата со физичка и ментална попреченост

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Борба против родова дискриминација и поддршка на унапредување на позицијата на жените

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Олеснување на прифаќањето на мигранти и бегалци од страна на заедниците -приматели

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Подобрување на улогата на граѓанското општество и граѓанските организации

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Промовирање на современи системи за социјална заштита и социјални услуги
previous arrow
next arrow
Slider

НОВОСТИ

  • Тренинг работилница

    Тренинг работилница Тренинг работилница се одржа на 12.03.2018 година (понеделник) во Скопје во рамките на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, финансиран од Европската Унија. На обуката учествуваа претставници од сите Повеќе
  • Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден!

    Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден! Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден, со оглед на тоа дека помина една година од официјалната регистрација! Повеќе
  • Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“

    Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“ КМОП неодамна доби нов проект финансиран од ЕУ во Македонија, насловен „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“. Овој тригодишен проект ќе биде имплементиран во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар (МК). Повеќе
  • КМОП Скопје има нов директор

    КМОП Скопје има нов директор На 18.12.2017 на функција стапи новиот директор на КМОП Скопје Александар Ванчоски. Тој има дипломирано криминалистика и криминологија, а се стекнува со степен магистер на неколку Европски универзитети од областа на правото, човековите права и социјалниот развој. Ванчоски има остварено Повеќе
  • Повик за доставување предлози: Локални граѓански организации

    Повик за доставување предлози: Локални граѓански организации Ромскиот ресурсен центар (РРЦ) во соработка со Центарот за семејно и детско згрижување (KMOП) преку проектот: „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ објавува: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ За финансирање на Повеќе
  • 1

Тековни Проекти

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активноста на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот Повеќе
Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Овој проект е дизајниран да го поттикне процесот на градење посилно граѓанско општество за подобра заштита на правата на децата, Повеќе
  • 1

Поддршка на лицата со физичка и ментална попреченост

Лицата со ментална и интелектуална попреченост, како и лицата со телесна попреченост, континуирано се соочуваат со значајни пречки во остварувањето на нивните основни права, кои негативно се одразуваат на нивниот севкупен квалитет на живот и нивната позиција во општеството. Постојните предизвици за оваа група се мултидимензионални и за нивното надминување е неопходен кохерентен и одржлив пристап, како и проактивен ангажман од страна на сите релевантни општествени чинители.

Поддршката на лицата со проблеми со менталното здравје, како и на лицата со ментална и интелектуална попреченост во Македонија се обезбедува речиси исклучиво во рамките на јавниот здравствен систем. Поради недостатокот на диверзификација на давателите на услуги, улогата на приватните даватели на услуги и невладините организации кои работат во оваа област е исклучително ограничена. Постоечките програми за унапредување на менталното здравје не се ниту доволни, ниту сеопфатни. Установите за ментално здравје кои се наменети за деца и млади се се уште недоволно развиени. Покрај тоа, постои недостаток на стручен кадар специјализиран за проблеми со менталното здравје кај децата (психијатри, психолози и социјални работници за деца и адолесценти), иако постои посебна медицинска специјализација во областа на детска и адолесцентна психијатрија.

Лицата со проблеми поврзани со менталното здравје и физичка попреченост вообичаено се соочуваат со исклученост од пазарот на трудот и севкупниот социјален живот. Стигмата кон оваа група претставува сериозна пречка за водење на "нормален" секојдневен живот. Покрај стигматизацијата, голем број други клучни прашања не се соодветно адресирани во постојните закони и подзаконски акти од областа на социјалната заштита, образованието и здравството. Другите пречки се поврзани со недоволните стратешки, организациски и човечки капацитети за подобрување на состојбата на оваа специфична група.

Од друга страна, постојните физички бариери за пристап до станбени згради, улици, јавен превоз и јавни објекти, недостатокот на програми за вклучување на лицата со физичка попреченост на пазарот на трудот и унапредување на нивната севкупна социјална инклузија, остануваат едни од најгорливите прашања за оваа група. Се уште постојат предрасудите и стереотипите во пошироката јавност во однос на лицата со попреченост, кои резултираат со дискриминација на сите општествени нивоа (пазарот на труд, образованието, дури и во семејство). Ова е и една од причините за ниската мотивираност на лицата со попреченост за поактивен ангажман во општеството. Освен тоа, придобивките од деинституционализацијата сè уште не се широко препознаени и во тој поглед не се преземени никакви чекори.


 Врз основа на горенаведеното, помеѓу главните предизвици поврзани со поддршката на лицата со попреченост се вбројуваат:

  • Недостаток на ефективни политики, стратегии и програми за унапредување на социјалната инклузија на лицата со попреченост (физичка, ментална и интелектуална)
  • Ниска мотивација на лицата со попреченост за активен придонес во идентификување и сервисирање на сопствените потреби
  • Недостаток на деинституционализиран пристап кој ќе им помогне на лицата со попреченост да бидат интегрирани во нивните локални заедници
  • Недостиг од диверзифицирани услуги за унапредување на менталното здравје, кои би се засновале на интегриран пристап
  • Недостаток на специјализирани професионалци кои можат да обезбедат интегрирани услуги на лицата со попречност, оспособувајќи ги да живеат во заедницата, а не да бидат сместени во институциите
  • Недостаток на ангажман на општините и институциите на локално ниво во дизајнирањето на соодветни услуги во локалната заедница кои би биле од корист за лицата со попреченост
  • Ниско ниво на сензибилизација на пошироката јавност во однос на правата на лицата со попреченост

КМОП има повеќе од 10 години искуство во нудење поддршка на лицата со попречност, со посебен акцент на поддршка на лицата со ментална попреченост. Всушност, КМОП веќе неколку години раководи со три Домови за нега и Дневен центар во чии рамки се обезбедуваат специјализирани, интегрирани и нестигматизирачки услуги за унапредување на менталното здравје. Истовремено, КМОП спроведува и неколку програми со цел градење на вештините и капацитетите на лицата со попречност и нивно активно вклучување на пазарот на трудот. Следствено, солидното искуство на КМОП во нудење поддршка на лицата со попреченост може да биде исклучително корисно во адресирањето на постоечките предизвици и во Република Македонија.


For more information about our relevant project references, please click here

За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик

© КМОП. Сите права се задржани