ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поттикнување социјална кохезија преку борбата со невработеноста

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на заштитата на Човековите права

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на благосостојбата на децата и борба против врсничкото насилство

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Практикување на активно и здраво стареење

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поддршка на лицата со физичка и ментална попреченост

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Борба против родова дискриминација и поддршка на унапредување на позицијата на жените

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Олеснување на прифаќањето на мигранти и бегалци од страна на заедниците -приматели

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Подобрување на улогата на граѓанското општество и граѓанските организации

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Промовирање на современи системи за социјална заштита и социјални услуги
previous arrow
next arrow
Slider

НОВОСТИ

  • Тренинг работилница

    Тренинг работилница Тренинг работилница се одржа на 12.03.2018 година (понеделник) во Скопје во рамките на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, финансиран од Европската Унија. На обуката учествуваа претставници од сите Повеќе
  • Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден!

    Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден! Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден, со оглед на тоа дека помина една година од официјалната регистрација! Повеќе
  • Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“

    Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“ КМОП неодамна доби нов проект финансиран од ЕУ во Македонија, насловен „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“. Овој тригодишен проект ќе биде имплементиран во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар (МК). Повеќе
  • КМОП Скопје има нов директор

    КМОП Скопје има нов директор На 18.12.2017 на функција стапи новиот директор на КМОП Скопје Александар Ванчоски. Тој има дипломирано криминалистика и криминологија, а се стекнува со степен магистер на неколку Европски универзитети од областа на правото, човековите права и социјалниот развој. Ванчоски има остварено Повеќе
  • Повик за доставување предлози: Локални граѓански организации

    Повик за доставување предлози: Локални граѓански организации Ромскиот ресурсен центар (РРЦ) во соработка со Центарот за семејно и детско згрижување (KMOП) преку проектот: „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ објавува: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ За финансирање на Повеќе
  • 1

Тековни Проекти

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активноста на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот Повеќе
Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Овој проект е дизајниран да го поттикне процесот на градење посилно граѓанско општество за подобра заштита на правата на децата, Повеќе
  • 1

Борба против родова дискриминација и поддршка на унапредување на позицијата на жените

Во Македонија, Уставот, како и националната законска регулатива гарантираат целосна еднаквост меѓу мажите и жените. Фактот дека законот не прави разлика меѓу правната способност на мажите и жените значи дека не постојат законски ограничувања за жените да поседуваат имот, да започнат судски постапки, да добијат кредити, итн.

Родово-заснованото насилство, дискриминацијата врз основа на полот и бременоста, ниските плати и помалку платената работа, неефикасните механизми за заштита и присутниот мобинг, се меѓу најчестите форми на повреда на женските права во Македонија.

Животот на жените од руралните средини е потежок од животот на жените во урбаните средини. Нивната исклученост од (или, во најмала рака, нееднаков пристап до) структурите во чии рамки се донесуваат значајни одлуки, здравствени услуги и економски можности, ја зголемуваат веројатноста за изложеност на насилство. Постојат и дополнителни културни и социјални бариери, особено за жените Ромки.

Во однос на еднаквоста помеѓу жените и мажите, Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016 - 2020 година беше усвоена во јуни 2016 година, но досега малку е направено за ефикасно промовирање на родовата еднаквост. Постои зголемување на свеста во општеството за потребата од борба и спречување на семејното насилство. Меѓутоа, останува уште многу да се направи за да се обезбеди долгорочно влијание во насока на постигнување на вистинска родова еднаквост. Дискриминаторските практики, традиции и стереотипи постојат, а социјално регресивните трендови во општеството се поттикнати од страна на дел од медиумите, како и од некои национални политики и иницијативи.[1]

Во Република Македонија, не постои законско признавање на истополови бракови, ниту граѓански заедници или друга регистрирана форма на партнерство помеѓу двојки од ист пол. Законот строго го дефинира бракот како "заедница помеѓу маж и жена". Што се однесува до заштита од дискриминација на ЛГБТИ заедницата, треба да се спомене дека Законот за спречување и заштита од дискриминација не ги содржи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како посебни основи за дискриминација, туку ги опфаќа овие две можни основи според категоријата "која било друга основа". Во практика, надлежните органи за заштита од дискриминација ги испитуваат жалбите за дискриминација поднесени врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Сепак, овие случаи ретко се пријавуваат и превентивни мерки и активности речиси и да не постојат. Припадниците на ЛГБТИ заедницата често се мета на предрасуди, вознемирување и навреди. Постојат само неколку граѓански организации во државата кои активно работат во оваа област.


 Помеѓу главните предизвици во однос на унапредувањето на родовата рамноправност во Македонија се вбројуваат:

  • борба против семејното насилство врз жените
  • справување со социјалната исклученост на жените од руралните и оддалечените области, како и ромските жени
  • промовирање еднаква позиција на пазарот на трудот
  • подигнување на свеста и разбирањето на правата на ЛГБТИ (меѓу ЛГБТИ луѓето и пошироката јавност)
  • застапување и лобирање на иницијативи за ЛГБТИ заедницата
  • поддршка на жртвите на насилство (засолништа, безбедни куќи и сл.)
  • зголемување на институционалниот капацитет за работа во полето на ЛГБТИ
  • борба против широко распространетиот говор на омраза против ЛГБТИ

КМОП има големо искуство во проекти и активности насочени кон обезбедување на еднаков пристап на жените до ресурси, вработување и образование, намалување на нееднаквоста и промовирање на нивна целосна вклученост во социјалниот, економскиот и политичкиот живот. Досега спроведените интервенции вклучуваат: развој на вештини и програми за обука посебно насочени кон потребите на ранливите категории жени; интервенции насочени кон зајакнување на жените претприемачи; истражувања и анализи на политики кои ги испитуваат потенцијалите за вработување на жените кои припаѓаат на крајно загрозените групи (семејства со еден родител, мигранти, жртви на семејно насилство итн.); интервенции за промовирање на воспоставувањето баланс помеѓу семејниот и професионалниот живот насочени кон жените и работодавачите / компаниите. Во исто време, ние работиме на осигурување дека жените имаат вистински глас на политичката сцена на национално ниво и на ниво на ЕУ, од судството до државната служба, како и во приватниот сектор и граѓанското општество, така што тие можат подеднакво да учествуваат во јавниот дијалог и донесувањето одлуки, како и да влијаат на одлуките кои ја одредуваат иднината на нивните семејства и нивната држава. Покрај тоа, КМОП активно се залага во борбата против сите форми на дискриминација што произлегуваат од родовите карактеристики, како и сексуалната ориентација. Ова практично значи заштита на правата и придонес кон задоволување на потребите на оние групи кои се сметаат за исклучително ранливи поради нивниот сексуален идентитет (т.е. ЛГБТИ заедница), справувајќи се со стереотипите што доведуваат до нивната маргинализација. Активностите на КМОП вклучуваат кампањи за спречување и борба против хомофобија и трансфобија, градење на капацитетите на професионалци со цел да се идентификуваат и поддржат ЛГБТИ бегалците и мигрантите, како и борба против дискриминацијата и врсничкото насилство во училиштата кое се должи на различниот родов идентитет и/или сексуална ориентација преку обука на наставниците и подигнување на свеста меѓу родителите.

 

[1]                      https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/pdf/key_documents/2014/20141008-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia-progress-report_en.pdf


За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик

© КМОП. Сите права се задржани