ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поттикнување социјална кохезија преку борбата со невработеноста

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на заштитата на Човековите права

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на благосостојбата на децата и борба против врсничкото насилство

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Практикување на активно и здраво стареење

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поддршка на лицата со физичка и ментална попреченост

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Борба против родова дискриминација и поддршка на унапредување на позицијата на жените

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Олеснување на прифаќањето на мигранти и бегалци од страна на заедниците -приматели

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Подобрување на улогата на граѓанското општество и граѓанските организации

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Промовирање на современи системи за социјална заштита и социјални услуги
previous arrow
next arrow
Slider

НОВОСТИ

  • Семинари на тема „Методи за поттикнување нови вработувања„

    Семинари на тема „Методи за поттикнување нови вработувања„ Во рамките на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, во текот на месец јули 2017 се одржаа три еднодневни семинари на кои присуствуваа повеќе од 90 претставници на јавни институции, граѓански организации, работодавачи Повеќе
  • Завршна конференција „Нови мерки за нови вработувања“

    Завршна конференција „Нови мерки за нови вработувања“ Конференцијата „Нови мерки за нови вработувања“ се организираше во рамки на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија. Благица Петрески од Finance Think и Џорџ Алексопулус од КМОП ги презентираа Повеќе
  • Тренинг работилница

    Тренинг работилница Тренинг работилница се одржа на 12.03.2018 година (понеделник) во Скопје во рамките на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, финансиран од Европската Унија. На обуката учествуваа претставници од сите Повеќе
  • Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден!

    Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден! Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден, со оглед на тоа дека помина една година од официјалната регистрација! Повеќе
  • Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“

    Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“ КМОП неодамна доби нов проект финансиран од ЕУ во Македонија, насловен „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“. Овој тригодишен проект ќе биде имплементиран во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар (МК). Повеќе
  • 1

Тековни Проекти

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активноста на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот Повеќе
Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Овој проект е дизајниран да го поттикне процесот на градење посилно граѓанско општество за подобра заштита на правата на децата, Повеќе
УРБАН – Вклучување на младите преку активности за урбано градинарство

УРБАН – Вклучување на младите преку активности за урбано градинарство

Предизвик Урбаните градини во заедницата се градини кои функционираат преку заедничка и доброволна посветеност, нудејќи простор каде што може да Повеќе
Платформа за рана детекција и превенција од предвремено напуштање на образовниот сиcтем од страна на младите

Платформа за рана детекција и превенција од предвремено напуштање на образовниот сиcтем од страна на младите

Предизвик Предвременото напуштање на образованието (осипувањето) е постојан предизвик на многу земји-членки на ЕУ и покрај значајните достигнувања што се Повеќе
  • 1

Главната цел на проектот е да го поддржи процесот на деинституционализација на ЈУ Специјалниот Завод во Демир Капија и да се зајакне вклученоста на лицата со интелектуална попреченост во пошироката заедницата.

Во насока на остварување на наведеното се поставени пет специфични цели:

1.Да се преселат лица со интелектуална попреченост кои живеат во специјалниот завод во Демир Капија во станбени единици базирани на нивните потреби;

2.Да се развијат нови социјални услуги базирани на заедницата, и да се прошират и подобрат постојните локални социјални услуги во Демир Капија;

  1. Да се развијат и имплементираат нови начини на испорака на социјални услуги засновани врз правата на корисниците, индивидуален пристап, вклученост и зајакнување на корисниците и воспоставување на колаборативни, партиципативни и проактивни пристапи;
  2. Да се зајакнат капацитетите и вештините на стручните лица во обезбедувањето на индивидуални социјални услуги за лицата со ментална / интелектуална попреченост;
  3. Да се зголеми свеста на локалната заедница и засегнатите страни за проблемот со институциите и предностите на деинституционализацијата, за правата на лицата со инвалидитет во борбата против стигмата, за придобивките од вклученоста и на корисниците и на заедницата.

Со цел да се дизајнира интегрирани социјални услуги засновани на потребите и барањата на станбените единици, како модел за лица со интелектуална попреченост во Демир Капија, ќе се спроведе сеопфатен преглед на практиките и стандардите за социјални услуги засновани на поттебите на заедницата и анализа на состојбата со услугите во Демир Капија и околните заедници, мапирање и преглед на Планот за трансформација за Демир Капија и локалните акциони планови за лица со посебни потреби и попреченост, вклучувајќи деск и теренско истражување.

Во координација со Општина Демир Капија, проектниот тим ќе избере 2 нови објекти кои ќе служат како нови групни домови/ станбени единици и во соработка со персоналот на заводот во Демир Капија, проектниот тим ќе идентификува 10 корисници кои треба да бидат преселени во двата групни домови, со приоритет на лицата со интензивни потреби за поддршка. Според тоа ќе се овозможи воспоставување и операционализација на социјални услуги базирани на потребите и условитена станбените единици.

Акцијата ќе стави посебен акцент на олеснување и промовирање на комуникација и соработка помеѓу општинските власти, граѓанското општество и другите локални чинители за развој и имплементација на ефективни социјални услуги за живеење базирани на станбените единици и иновативни социјални услуги базирани на заедницата. Соработката и инклузивниот дијалог помеѓу општинските власти, граѓанските организации (ГО) и другите засегнати страни е од суштинско значење за да се овозможи оваа реформа да биде ефективна.

Предвидени се серија активности за градење на капацитети со цел зајакнување на капацитетот на ГО - (потенцијални) даватели на услуги, за поддршка на соработката помеѓу општинските власти, ГО и други локални чинители во развојот и имплементацијата на социјалните услуги засновани на потребите и условите на станбените единици и конечно да се овозможи стручните лица од јавните служби да ја вршат својата работа без дискриминација на лица со (интелектуална, физичка) попреченост.

Покрај тоа, проектот ќе се обиде да го подобри прифаќањето и вклучувањето на лицата со попреченост во локалната заедница со промовирање на прифаќање и промена на стигмата со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во нивната непосредна околина и кои го попречуваат нивното целосно учество во сите сфери на животот, преку активности за пристап и подигнување на свесноста на заедницата во Демир Капија и соседните заедници.

Клучни засегнати страниво проекто се ЈУ Специјален Завод во Демир Капија и другите национални и локални институции, одговорни за благосостојбата на лицата со посебни потреби, како што се Министерството за труд и социјална работа, Завод за Социјални Дејности, центрите за социјална работа (ЦСР), како и здравствени, социјални и образовни институции, даватели на социјални услуги, граѓански организации кои ги поддржуваат лицата со посебни потребии сл. и локалните заедници.

Позначајните услуги кои ќе се обезбедат во рамките на овој проект вбројуваат:

  • 10 лица од заводот во Демир Капија да бидат преместени во станбени единици приспособени за нивните потреби во рамките на заедницата;
  • Воспоставување и операционализација на 2 мали заедници - (станбени единици);
  • Зголемена достапност на иновативни социјални услуги засновани во заедницата за лица со посебни потреби и лица со попреченост, како што се интензивна интеракција, лично планирање / помош, домашна нега / грижа и пакети за лична нега;
  • Најмалку 20 лица со посебни потреби кои користат ново-воспоставени иновативни социјални услуги засновани во заедницата, зголемена заложба на локалната самоуправа и заедницата кога се работи за социјални услуги базирани на потребите и условитена станбените единици и / или иновативни социјални услуги;
  • Најмалку 20 стручни лица обучени за планирање и обезбедување на социјални услуги базирани на потебите и условите на станбените единици ;
  • Изградени капацитети на 30 вработени во ГО за иновативно воспоставување и испорака на иновативни социјални услуги засновани во заедницата;
  • Изградени капацитети на 10 лица од општински и надлежни органи за социјална заштита за воспоставување и испорака на иновативни социјални услуги засновани на станбените единици;
  • Изградени капацитети на 50 стручни лица во јавните услуги (наставници, лекари по општа медицина, медицински сестри, културни работници, стручни и социјални услуги итн.) врз основа на вклученост на корисниците;
  • Зголемена свесност на локалната заедница и засегнатите страни за проблемот на институциите и предностите на деинституционализација, правата на лицата со инвалидитет и придобивките од вклучувањето на корисниците и заедницата.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

Партнери:

KMOP –Центар за социјална акција и иновација (ГР),Координатор

Здружение за поддршка и развој Хуманост (MK)

Општина Демир Капија (MK)

Времетраење на проектот 03/02/2020 – 02/02/2023

 

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик

© КМОП. Сите права се задржани